За нас

ВАМИ ПРОМ е основана во 2007 година од македонски капитал. Основна деіност е текстилната индустриjа, односно кроене, шиење и пакување на креветски чаршафи со ластик и постелнини во различни бои и во сите димензии, со достапна продажба во големи и мали количини. На нашата веб-страна може да надете различни производи како што се чаршафи со ластик, навлаки за перница со патент, постелнини, кебиња, пешкири и бањарки со голем квалитет. Еднаш кога ќе ги испробате нашите производи, нема да сакате да купите ништо друго освен производи од ВАМИ ПРОМ.

Чаршаф со ластик или прекривка за душек е практичен вид на чаршаф, којшто го опфака душекот со посредство на ластик, по целата должина. Ластикот осигурува неподвижност и не дозволува изместување на чаршафот од душекот. Тој е еластичен, перфектно пропушта воздух преку лето и дава пријатна свежина, а преку зима перфектно jа задржува топлината на телото. Неверојатно пријатен за телото, jа апсорбира апсолутно влагата и има антисептичко својство. Нема подобро чувство од заспивање на 100% памучен чаршаф, после напорниот работен ден.

Навлаката за перница е еднобојна и ќе ja надополни секоа постелнина или чаршаф, кога на вашата спална ќе даде свеж изглед и изглед кој ќе трае со години. Две навлаки во едно пакување со димензии 50×70цм кои одговараат на различни видови перници. Тие се изработени од 100% памук кој не предизвикува алергии и се пригодни за вас и вашите намили за сладок и убав сон.